2 Коринтјаните 8:5-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.

6. Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дареж­ли­воста.

7. И како што сѐ изобилува во вас: ве­ра­та и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.

8. Ова ви го велам не како заповед, ту­ку преку усрдност на другите да ја ис­питаме искреноста и на вашата љубов.

9. Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.

10. А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го пра­вите, туку и да сакате да го правите.

11. А сега довршете го започнатото де­ло, та, како што имаше усрдност во ва­шето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.

12. Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.

13. Затоа не сакам на другите да им би­де лесно, а вам – тешко, туку подеднакво:

14. вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот ви­шок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,

2 Коринтјаните 8