2 Коринтјаните 8:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви,

2. дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаш­тија покажаа големо богатство во нивната дарежливост,

3. зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно,

4. нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислу­жувањето на светиите;

2 Коринтјаните 8