1. Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви,
2. дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаштија покажаа големо богатство во нивната дарежливост,
3. зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно,
4. нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите;
5. и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
6. Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дарежливоста.
7. И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.
8. Ова ви го велам не како заповед, туку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љубов.
9. Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.
10. А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го правите, туку и да сакате да го правите.
11. А сега довршете го започнатото дело, та, како што имаше усрдност во вашето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.
12. Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.