2 Коринтјаните 6:10-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме.

11. Устата наша е отворена за вас Ко­ринтјани, и срцето наше се раширува.

12. Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши.

13. За исто вознаградување ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки.

14. Не впрегнувајте се заедно со без­верниците; зашто какво заедништво по­стои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината?

15. Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник?

2 Коринтјаните 6