1. Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.
2. Зашто се вели: „Во благопријатно време те услишав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението!
3. Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба,
4. туку во сѐ се препорачуваме за служители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби,