1. Знаеме дека, кога земното живеалиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш ќе имаме од Бога здание, куќа неракотворена, вечно живеалиште на небесата.
2. Зашто во него воздивнуваме, копнеејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште;
3. само, да се најдеме облечени, а не голи.
4. Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.
5. А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни даде и залог на Духот.
6. И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ,
7. бидејќи според верата живееме, а не според гледањето.
8. Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ.
9. Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме;
10. зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло.
11. Така, знаејќи го стравот од Господ, ние ги уверуваме луѓето, а за Бога сме јавни: се надевам дека сум познат и на вашите совести.