2 Коринтјаните 5:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Знаеме дека, кога земното жи­ве­алиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш ќе имаме од Бога здание, куќа неракотворена, вечно живеалиште на небесата.

2. Зашто во него воздивнуваме, копне­ејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште;

3. само, да се најдеме облечени, а не голи.

4. Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.

5. А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни даде и залог на Духот.

6. И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ,

7. бидејќи според верата живееме, а не според гледањето.

8. Но не се плашиме и сакаме што пос­коро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ.

9. Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме;

10. зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го из­вр­шил во телото свое, било добро или зло.

2 Коринтјаните 5