2 Коринтјаните 4:4-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благо­вес­ти­ето за славата на Христос, Кој е слика на невидливиот Бог.

5. Зашто ние самите себе не се про­по­ведаме, туку Христос Исус Господ; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исус.

6. Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло.

7. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас.

8. Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не губи­ме надеж;

9. нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме.

10. И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.

11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело.

12. Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас.

2 Коринтјаните 4