1. Затоа, бидејќи по милоста Божја го имаме ова служење, ние со духот не паѓаме;
2. но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога.
3. Ако, пак, е и покриено нашето Евангелие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат:
4. за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благовестието за славата на Христос, Кој е слика на невидливиот Бог.
5. Зашто ние самите себе не се проповедаме, туку Христос Исус Господ; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исус.