10. И навистина, не ни беше прославено во таа мера она што беше прославено ако се спореди со преголемата слава.
11. Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно.
12. Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,
13. а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат синовите Израилеви да го видат крајот на минливото.
14. Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.