2 Коринтјаните 3:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Пак ли ќе почнеме сами да се фали­ме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?

2. Вие сте нашето писмо, впишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе.

3. Јасно е дека вие сте Христово пис­мо, составено преку нашата служба, на­пишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца.

4. Таква сигурност во Бога имаме преку Христа,

2 Коринтјаните 3