2 Коринтјаните 2:8-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. затоа ве молам кон него да покажете љубов.

9. Затоа и ви напишав, да ве испитам и да дознаам дали сте во сѐ послушни.

10. А кому вие ќе му простите нешто, нему ќе му простам и јас; ако сум простил некому нешто, сум му простил по­ради вас во името на Исус Христос,

11. за да не нѐ прелаже сатаната, зашто неговите намисли добро ни се познати.

12. Кога дојдов во Троада да го про­по­ведам Евангелието Христово, иако вратата ми беше отворена во Господ,

13. духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и за­тоа, откако се простив со нив, заминав за Македонија.

2 Коринтјаните 2