2 Коринтјаните 2:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. За таков доволна е казната што ја претрпел од мнозинството;

7. така што за вас е подобро да го по­милувате и да го утешите, за да не про­падне од преголема жалост;

8. затоа ве молам кон него да покажете љубов.

9. Затоа и ви напишав, да ве испитам и да дознаам дали сте во сѐ послушни.

10. А кому вие ќе му простите нешто, нему ќе му простам и јас; ако сум простил некому нешто, сум му простил по­ради вас во името на Исус Христос,

2 Коринтјаните 2