2 Коринтјаните 2:12-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Кога дојдов во Троада да го про­по­ведам Евангелието Христово, иако вратата ми беше отворена во Господ,

13. духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и за­тоа, откако се простив со нив, заминав за Македонија.

14. Но да Му благодариме на Бога, Кој секогаш ни дава победа во Исус Хрис­тос, и на секое место преку нас го пројавува мирисот на спознанието на Самиот Него.

15. Зашто ние сме Му на Бога благопријатен мирис Христов и меѓу оние кои се спасуваат и меѓу оние кои про­па­ѓаат;

16. на едните сме смртоносен мирис за смрт, а на другите животворен мирис за живот. И за ова кој е способен?

17. Зашто ние не сме како мнозина што тргуваат со Божјото име, туку го про­поведаме искрено, како од Бога, пред Бога, во Христос.

2 Коринтјаните 2