2 Коринтјаните 13:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. вие барате доказ дека зборува Христос во мене, Кој спрема вас не е немоќен, туку е силен меѓу вас.

4. Зашто, иако беше во немоќ распнат, Тој е жив по моќта Божја; бидејќи сме и ние слаби во Него, но ќе бидеме живи со Него, преку силата Божја меѓу вас.

5. Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.

6. А за нас, се надеваме дека ќе раз­бе­рете дека ние не сме недостојни.

7. Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не да се покажеме ние ка­ко достојни, туку вие да вршите добро, па макар ние како недостојни да оста­не­ме.

8. Зашто ние сме силни не против вис­тината, туку за вистината.

2 Коринтјаните 13