2 Коринтјаните 11:5-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите.

6. Иако сум прост во говорот, во зна­­ењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати.

7. Направив ли грев што, понизувајќи се себе за да ве издигнам вас, бесплатно ви Го проповедам Евангелието Божјо?

8. Други цркви оштетив, добивајќи од нив издршка, да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев со скудност, ни­кому не дотежнав,

9. зашто во немаштијата моја ми по­могнаа браќата што дојдоа од Ма­ке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар.

10. Поради вистината Христова во мене, оваа пофалба никој нема да ми ја земе во краиштата ахајски.

11. А зошто? Затоа ли што не ве са­кам? Бог знае!

12. Но, она што го правам, ќе го пра­вам и понатаму за да не им дадам повод на оние, кои бараат повод, па да се изедначат со нас во она за кое се фалат.

13. Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, лукави работници, кои се пре­пра­ваат во Христови апостоли.

14. И не е за чудење! Па и самиот са­та­на се преправа во ангел на светлината;

15. па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.

2 Коринтјаните 11