2 Коринтјаните 10:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Не се фалиме безмерно со туѓите напори. А се надеваме дека со растењето на вашата вера меѓу вас и ние, по на­шата мерка, ќе пораснеме во изобилие,

16. така што и подалеку од вас да го проповедаме Евангелието, а не да се фалиме со готовото во туѓа област.

17. „Кој се фали, со Господ да се фа­ли!“

18. Зашто, не е признаен оној што са­миот себе се препорачува, туку оној ко­го што Господ го препорачува.

2 Коринтјаните 10