2 Коринтјаните 1:17-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. Но, сметајќи го ова, можеби лесно­мислено постапив? Или, пак, што се наканував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“

18. Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не“.

19. Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“,

20. бидејќи сите ветувања Божји во Него се „Да“, и во Него „Амин“, за сла­ва Божја преку нас.

21. Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза;

22. Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши.

2 Коринтјаните 1