1 Тимотеј 5:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;

2. Постарите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота.

3. Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.

4. Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога.

5. А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.

1 Тимотеј 5