7. Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓаволот.
8. Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба;
9. да ја пазат тајната на верата со чиста совест.
10. И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат служители.
11. Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.