1. Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:
2. за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство.
3. Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог,
4. Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
5. Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус,
6. Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време;
7. па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.
8. Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.