1 Солуњаните 5:14-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Браќа, ве молам, поучувајте ги не­уредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.

15. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!

16. Радувајте се секогаш!

17. Молете се постојано!

18. Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!

19. Не гаснете Го Духот!

20. Пророштвата не ги омаловажувај­те!

21. Сѐ испитувајте, за доброто држете се!

22. Клонете се од секакво зло!

1 Солуњаните 5