1. И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате;
2. Вие знаете какви пораки ви дадовме од името на Господа Исуса.
3. Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство,
4. и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост,
5. а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога,
6. и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано.