1 Солуњаните 3:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Бидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.

5. Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ва­ша да не би ве искушал некако Иску­шу­вачот, та да отиде залудо нашиот труд.

6. Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас,

7. ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;

8. зашто ние сега живееме, кога вие стоите во Господ.

9. Каква благодарност, навистина, мо­жеме да Му воздадеме на Бога за вас за сета радост со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,

1 Солуњаните 3