11. А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го насочи патот наш право кон вас!
12. Вам, пак, Господ да ви даде да растете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас,
13. и да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии! Амин!