1 Солуњаните 2:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,

4. туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборува­ме – не за да им угодуваме на луѓето, ту­ку на Бога, Кој ги испитува срцата на­ши.

5. Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!

6. И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други,

7. иако можевме и да се наметнеме ка­ко Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца.

1 Солуњаните 2