1. Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пострада со телото, тој прекинал со гревот,
2. та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
3. Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство.
4. Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.
5. Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мртвите.
6. Зашто и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.
7. Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите.