1 Петар 4:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пос­трада со телото, тој прекинал со гревот,

2. та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.

3. Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вр­шење волјата на незнабошците, живе­еј­ќи во нечистотија, во похоти, во пијан­ство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство.

4. Затоа тие и се чудат што не се дру­жите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.

5. Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мрт­вите.

6. Зашто и на мртвите им беше пропо­ведано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.

1 Петар 4