17. Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го!
18. Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и кротките, туку и на лошите!
19. Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо.
20. Зашто, каква е пофалбата, ако трпите кога ве тепаат поради престапи? Но, ако трпите кога правите добро и страдате, тоа Му е угодно на Бога.