13. И така, покорувајте се на секоја човечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт,
14. било на управители на Негови пратеници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците!
15. Зашто, таква е волјата Божја, – со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,
16. како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку – како слуги Божји.
17. Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го!
18. Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и кротките, туку и на лошите!
19. Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо.