1 Коринтјаните 8:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Што се однесува, пак, до месото клано за идоли, мислам дека сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува.

2. Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште не осознал како треба да знае.

3. Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава.

4. А по однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот.

5. Зашто, макар и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу „богови“ и многу „господари“,

6. сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ и ние сме преку Него.

7. Но тоа знаење го нема секој: некои според досегашната навика за идолите, го јадат месото на жртвите идолски, а совеста нивна им се осквернува бидејќи е нејака.

1 Коринтјаните 8