1 Коринтјаните 8:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Што се однесува, пак, до месото клано за идоли, мислам дека сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува.

2. Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште не осознал како треба да знае.

3. Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава.

4. А по однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот.

1 Коринтјаните 8