1 Коринтјаните 7:6-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Ова, пак, ви го велам како допуш­та­ње, а не како заповед.

7. Зашто сакам, сите луѓе да бидат ка­ко мене; но секој си има своја дарба од Бога – еден на ваков начин, друг на по­инаков.

8. А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене.

9. Но, ако не можат да се воздржат, не­ка се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст.

10. А на женетите и мажените им запо­ведам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, –

11. ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја.

12. А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;

13. и ако некоја жена има маж, без­вер­ник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.

14. Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена без­верничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети.

15. Ако некој безверник сака да се раз­веде, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог.

1 Коринтјаните 7