31. и кои се ползуваат од овој свет – како да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив.
32. Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Господови работи, – како да Му угоди на Господа;
33. а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената.
34. Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на мажот свој.