1 Коринтјаните 7:19-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Обрезанието е ништо, и необреза­нието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ.

20. Секој да си остане во звањето во кое е повикан.

21. Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.

22. Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; ис­то така и кој е повикан како ослободе­ник станува роб Христов.

23. Вие сте скапо платени! Не станувај­те робови на луѓе!

24. Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.

25. А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господа, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господа да биде верен.

26. Поради сегашната потреба го на­оѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков.

27. Сврзан ли си со жена, не барај раз­вод; разврзан ли си од жена, не барај жена.

28. Но, ако се ожениш, нема да згре­шиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.

29. Ова ви го велам, браќа, зашто вре­мето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;

30. и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо,

31. и кои се ползуваат од овој свет – ка­ко да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив.

32. Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Гос­по­дови работи, – како да Му угоди на Господа;

33. а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената.

1 Коринтјаните 7