1 Коринтјаните 7:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена.

2. Но, за да се избегне блудството, се­кој нека си има своја жена, и секоја же­на свој маж.

3. Мажот да ја извршува својата дол­жност спрема жената, а исто така и же­ната – спрема мажот.

4. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.

5. Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.

1 Коринтјаните 7