16. Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“
17. А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.
18. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.
19. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе?