1 Коринтјаните 6:15-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христа? Ќе ги земам ли де­ловите од Христа и да ги направам де­лови на блудница? Тоа никако!

16. Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“

17. А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.

18. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.

19. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе?

20. Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.

1 Коринтјаните 6