15. Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христа? Ќе ги земам ли деловите од Христа и да ги направам делови на блудница? Тоа никако!
16. Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“
17. А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.
18. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.