1 Коринтјаните 4:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Некои се возгордееја, како да не ќе дојдам кај вас;

19. но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и ќе ги познаам не збо­ро­вите, туку силата на оние што се возгордеале,

20. зашто царството Божјо не е во зборови, туку во сила.

21. Што сакате? Со стап ли да дојдам кај вас, или со љубов и кроток дух?

1 Коринтјаните 4