17. Браќа, затоа го пратив кај вас Тимотеј, кој ми е возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ви ги напомни патиштата мои во Христос, како што учам насекаде и во секоја црква.
18. Некои се возгордееја, како да не ќе дојдам кај вас;
19. но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и ќе ги познаам не зборовите, туку силата на оние што се возгордеале,
20. зашто царството Божјо не е во зборови, туку во сила.
21. Што сакате? Со стап ли да дојдам кај вас, или со љубов и кроток дух?