1 Коринтјаните 3:9-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание.

10. Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; само секој нека пази како надѕидува.

11. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос.

12. Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама,

13. сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого.

14. И, ако делото на оној што ѕидал ос­тане, тој ќе прими награда.

15. А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.

16. Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?

1 Коринтјаните 3