1 Коринтјаните 3:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Што е, впрочем, Павле, а што Апо­лос? Не се ли тие служители преку кои вие поверувавте, и тоа според она колку кому Господ му дал?

6. Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне.

7. Затоа, ниту оној кој сади е нешто, ниту, пак, оној што полева, туку Бог, Кој прави да израсне.

8. Кој сади и кој полева се едно; а секој ќе ја добие својата награда според својот труд.

9. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание.

1 Коринтјаните 3