1 Коринтјаните 3:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. И, ако делото на оној што ѕидал ос­тане, тој ќе прими награда.

15. А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.

16. Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?

17. Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

1 Коринтјаните 3