1 Коринтјаните 3:12-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама,

13. сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого.

14. И, ако делото на оној што ѕидал ос­тане, тој ќе прими награда.

15. А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.

16. Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?

17. Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

18. Никој нека не се лаже; ако некој мисли дека е мудар меѓу вас во овој свет, нека стане безумен, за да биде му­дар.

19. Зашто мудроста од овој свет е безумство пред Бога, како што е напи­шано: „Тој ги лови мудрите во нивното лукавство.“

20. И пак: „Господ знае дека размисли­те на мудрите се суетни.“

1 Коринтјаните 3