1 Коринтјаните 16:13-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки;

14. Секое ваше дело нека биде во љу­бов.

15. Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите.

16. Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди!

17. Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија ва­шето отсуство,

18. зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!

19. Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат Акила и Прис­кила со својата домашна црква.

1 Коринтјаните 16