1 Коринтјаните 15:49-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

49. и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.

50. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат цар­ството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.

51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме,

52. одеднаш, за еден миг на око, на пос­ледната труба: зашто ќе затруби, и мрт­вите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме;

53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.

1 Коринтјаните 15