48. Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните;
49. и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.
50. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.
51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме,
52. одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме;
53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.
54. А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта“.
55. „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“
56. Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот.
57. Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.
58. И така, браќа мои возљубени, бидете постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.