1 Коринтјаните 15:43-48 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

43. се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила;

44. се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно.

45. Па така е и напишано: „Првиот чо­век Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух.

46. Но не е прво духовното, туку душев­ното, а потоа духовното.

47. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото.

48. Каков е земјениот, такви се и земје­ните; и каков е Небесниот, такви се и небесните;

1 Коринтјаните 15