1 Коринтјаните 15:41-58 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

41. друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува.

42. Така е и со воскресението на мрт­ви­те: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање;

43. се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила;

44. се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно.

45. Па така е и напишано: „Првиот чо­век Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух.

46. Но не е прво духовното, туку душев­ното, а потоа духовното.

47. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото.

48. Каков е земјениот, такви се и земје­ните; и каков е Небесниот, такви се и небесните;

49. и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.

50. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат цар­ството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.

51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме,

52. одеднаш, за еден миг на око, на пос­ледната труба: зашто ќе затруби, и мрт­вите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме;

53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.

54. А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта“.

55. „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“

56. Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот.

57. Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.

58. И така, браќа мои возљубени, би­де­те постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи де­ка трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.

1 Коринтјаните 15